Најмалку 50 лица загинаа откако руска ракета погоди продавница и кафуле во Украина, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.
Во апликацијата Телеграм напиша дека е нападнато село во североисточниот регион на Харков, пренесува Sky News.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, изјави дека во селото Хроза во областа Купјанск во Харков биле нападнати кафуле и продавница и дека во тоа време таму имало многу цивили.
Меѓу загинатите има и шестгодишно момче.
Спасувачите продолжуваат да работат на лице место“, рече Синехубов на Телеграм.
Тој рече и дека бројот на загинати досега е 49.
Зеленски претходно денеска им се обрати на европските лидери, кои се собраа во Гранада, велејќи дека е уверен во континуираната поддршка на САД, барајќи поголема помош и оружје за да му помогне во борбата против руската агресија.