More

    Сунак ќе изврши притисок врз Србија поради нападот на северот на Косово

    spot_img

    Британскиот премиер Риши Сунак на состаноците со европските лидери за време на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЦ) во Гранада ќе ја нагласи посветеноста на Велика Британија за поширока европска безбедност, вклучително и одговорот на ситуацијата во Косово и Нагорно-Карабах.

    „Се очекува премиерот да изврши притисок врз Србија за да се погрижи оние кои стојат зад неодамнешните напади врз косовските полицајци да се соочат со правдата“, соопшти Форин Офисот.

    За време на денешниот самит на ЕПЗ во Гранада, се додава, Сунак има намера и со Србија, Бугарија и Белгија да договори нови иницијативи за борба против организираниот криминал поврзан со илегалната миграција. Овие билатерални иницијативи ќе се однесуваат на зголемување на размената на разузнавачки податоци и оперативна соработка во борбата против илегалната миграција.

    На самитот на ЕПЗ, Сунак ќе ги повика европските лидери да ги здружат силите за да ги заштитат европските граници од криминалните банди и да се соочат со руската агресија. Тој, исто така, ќе поттикне континуирана поддршка за Украина.

    Една од темите ќе биде вештачката интелигенција, а Сунак планира да ги охрабри европските земји да ги користат можностите на вештачката интелигенција и да работат заедно за да усвојат безбеден и одговорен регулаторен пристап кон оваа возбудлива технологија, се додава во соопштението на Форин Офисот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img