Соединетите Држави и испратија на Украина повеќе од милион парчиња иранска муниција запленети минатата година во водите на Индискиот Океан, соопшти американската војска.
Со години, американската морнарица запленила оружје за кое се верува дека доаѓа од Иран за борците поддржани од Иран во Јемен, кои обично се транспортираат со рибарски чамци, пренесува АП.
Началникот на Здружениот Генералштаб на САД, кој е одговорен за воените операции на Блискиот Исток, соопшти дека во Украина биле испратени околу 1,1 милион куршуми од калибар 7,62 милиметри. Муницијата која потекнува од иранската револуционерна гарда и била наменета за силите на Хутите во Јемен, била запленета од американската морнарица во декември 2022 година.
„САД се посветени да работат со нашите сојузници и партнери за да го запрат протокот на иранска смртоносна помош во регионот со сите законски средства, вклучително и санкции и забрани на САД и ОН“, се вели во соопштението на Генералштабот на САД.
Малку е веројатно дека муницијата ќе направи голема разлика на бојното поле во Украина во време кога оружјето со долг дострел и системите за противвоздушна одбрана се на врвот на листата на желби на Украина.
Запленетата муниција, исто така, веројатно нема да ја намали загриженоста за можното запирање на снабдувањето со западно оружје за Киев.