More

    Кучето на Бајден отстрането од Белата куќа затоа што касало агенти на Тајната служба

    spot_img

    Кучето Командант на американскиот претседател Џозеф Бајден, кое постојано каснало членови на Тајната служба, е преместено од Белата куќа на друга локација.

    Вкупно 10 напади биле регистрирани од октомври 2022 година до јануари 2023 година, а на еден вработен неодамна му била потребна медицинска помош откако бил нападнат и каснат од двегодишен германски овчар, пренесува Sky News.

    Елизабет Александар, портпаролката на првата дама Џил Бајден, потврди дека командантот во моментов не е во комплексот на Белата куќа и додаде дека „се проценуваат следните чекори“.

    Таа истакна дека Бајденовите многу се грижат за безбедноста на нивниот персонал и на сите останати кои ги штитат секој ден.

    „Тие остануваат благодарни за трпението и поддршката на американската тајна служба и продолжуваат да работат на решенија“, рече Александар, додавајќи дека Белата куќа може да биде „стресна средина за домашните миленици“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img