Поранешниот американски претседател Барак Обама на Твитер објави нова фотографија со сопругата Мишел и со емотивна порака ѝ ја честита 31-годишнината од бракот.
Објавата на Обама предизвика голем интерес во јавноста и за неколку часа собра над 1 милион лајкови.
“Среќна годишнина, душо! Ти си брилијантна, љубезна, духовита и убава. Многу сум среќен што те нарекувам моја”, напиша Барак Обама во објавата.
Но, освен нежните зборови со кои поранешниот американски претседател и се обраќа на сопругата, внимание привлече и еден необичен детал на заедничката фотографија. Фановите на поранешниот американски претседател забележаа чудна форма во позадината која отвори дилема и дискусија на социјалните мрежи.
Мишел ја возврати честитката, но со друга заедничка фотографија.