Во полициска акција во Ѓорче Петров уапсени четири лица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Две лица на возраст од 19 и 20 години и двајца малолетници се уапсени на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров за недозволена трговија со дрога.

„На 03.10.2023 во 19.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.П.(20), Д.М.(19) и двајца малолетници, сите од Скопје. При претрес во домот на Д.П., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати Д.М. и двајцата малолетници, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, семки од растението канабис и дигитална вага, додека кај еден од малолетниците била пронајдена и одземена прашкаста материја. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“ – стои во известувањето од МВР.

Share This Article