More

    Бургер Кинг останува отворен во Русија и покрај тоа што сопственикот на брендот вети дека ќе ја напушти земјата пред повеќе од една година

    spot_img

    Бургер Кинг останува отворен во Русија и покрај тоа што сопственикот на брендот вети дека ќе ја напушти земјата пред повеќе од една година. Компанијата РБИ, „Ресторан Брендс Интернешнел“, која поседува 15% од бизнисот со франшиза за брза храна во Русија, изјави за Би-Би-Си дека „нема новости за споделување во овој момент“.

    Но, компанијата информираше дека „го започнала процесот“ да располага со сопствениот удел од 15 отсто и дека ќе биде потребно „некое време“. Аналитичарите велат дека на компанијата ѝ е тешко да ги убеди останатите 85% акционери дека треба да се затворат филијалите и да се предаде сопственоста.

    За други пак, договорот со франшизата е само „димна завеса“ Бургер Кинг да продолжи да прави промет. Вакви договори имаат сите странски компании. Тие вклучуваат давател на франшизата, компанија која го воспоставила името на брендот и примач на франшиза, компанија која плаќа надоместок за правото да прави бизнис под брендот и да ги продава своите производи.

    – Да се каже дека (РБИ) сакаат да заминат, но потоа да се влечкаат со тоа не е исто со тоа тие фактички да ја напуштат Русија. И со тоа што продолжуваат да работат во Русија 18 месеци по инвазијата на Путин на Украина, тие го одржуваат режимот на Путин – вели Стивен Тијан од Универзитетот Јеил.

    Дејвид Шир, претседателот на РБИ, во март 2022 година рече дека главниот оператор на Бургер Кинг во Русија „одбил“ да ги затвори продажните места по првите напади на Украина.

    Ривалите на Бургер Кинг, Мекдоналдс и Кеј-Еф-Си, излегоа од Русија. Тие продадоа стотици од своите ресторани.

    Кој раководи со Бургер Кинг во Русија? Освен РБИ, речиси третина од акциите ги поседува бизнисменот Александар Коболов. Тој има надзор над 800 ресторани. Тој вели дека неговиот удел „отсекогаш бил далеку од контрола“.

    „ИЦУ Груп“ изјави за Би-Би-Си дека нема контрола врз заедничкото вложување или операциите во Русија и другите земји опфатени со договорот за франшиза. Се вели дека фирмата е „во завршна фаза на излегување“ од договорот за франшиза со услови договорени со купувачот. Компанијата додаде дека се воздржувала од управувањето со заедничкото вложување, инвестирајќи во него и дека нема добиено никакви дивиденди од почетокот на војната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img