More

    Во синоќешниот вооружен напад пред студентскиот дом на Државниот универзитет Морган во Балтимор, САД, повредени се пет лица

    spot_img

    Во синоќешниот вооружен напад пред студентскиот дом на Државниот универзитет Морган во Балтимор, САД, повредени се пет лица, но ниту еден од нив не е во критична состојба.

    Четири од жртвите се студенти на Универзитетот Морган, соопштија од полицијата

    – Жртвите, четворица мажи и една жена на возраст од 18 до 22 години, се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот – изјави полицискиот комесар во Балтимор, Ричард Ворли на брифинг за медиумите.

    Полицијата во Балтимор синоќа околу 21 часот и 30 минути добила информација за напаѓачот, поради што кампусот бил блокиран четири часа. Полицијата не соопшти дали некој е уапсен, ниту информации за осомничениот напаѓач или напаѓачите.

    Инцидентот се случил за време на популарниот настан со кој традиционално се одбележува почетокот на студиската година и враќањето на студентите во студентскиот кампус.

    Еден студент опиша дека слушал истрели додека во кампусот се одвивала свеченост за студентите.

    -Бевме надвор, свечноста заврши и сите си заминуваа, а потоа видовме дека два истрели го погодија предниот прозорец и сите почнаа да бегаат. Беше хаос – изјави за CNN студент кој живее на кампусот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img