More

    Пожарот во Осиек од ноќеска го гасат 100 пожарникари со 50 возила

    spot_img

    Неколку илјади квадратни метри пластика, која се чува на отворено, гори во фабрика во предградието на Осиек во Хрватска, се вели во првиот извештај на припадниците на локалната цивилна заштита. Пожарот кој уште не е локализиран, избувнал ноќеска.

    Сите расположливи противпожарни единици се на терен. Јутарни лист пишува дека околу 100 пожарникари со 50 возила работат на гасењето. Штабот за цивилна заштита Осиек-Барања во 9 часот утринава извести дека благодарение на отстранувањето на запаливи материи и течности од просториите на претпријатието, спречена е голема катастрофа.

    – За жал, пожарот сѐ уште не е изгаснат, ветрот е непријател на пожарникарите. Мора да им се честита бидејќи сепак успеаја да го забават ширењето на пожарот, со што спречија катастрофа од поголеми размери, имајќи предвид дека во затворените делови на фабриката има и многу запаливи предмети како боци со гас и боци со кислород – рече Мато Лукиќ, шефот на општинскиот штаб за цивилна заштита.

    Жителите на Осиек изутринава добија СМС предупредување да не остануваат на отворено, да не излегуваат од своите домови и да ги затворат прозорците.

    Училиштата во областите Антуновац, Ернестинов, Ласлов, Чепин и Вука ја откажаа наставата за денеска, бидејќи ветерот ги носи честичките кон тие места, пренесува Хина.

    Пожарот избувнал нешто по полноќ во фабриката „Драва интернационал“ во Бријест, предградие на Осиек. На терен се и багери од градските претпријатија кои создаваат коридор за да не се прошири пожарот. Причината за пожарот сѐ уште не е позната, но според Вулин, гаснењето би можело да потрае неколку дена поради неговата големина.

    Но, бидејќи пластиката гори, може да има и многу опасни материи во воздухот. Ветерот го носи чадот кон југ, подалеку од Осиек.

    – Операцијата е исклучително комплицирана, бидејќи има многу запаливи течности и гасови кои треба да се пренесат на други локации – изјави Драган Вулин за Хрватската државна телевизија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img