More

    Акционерите во Твитер го тужат Илон Маск за измама

    spot_img

    Против сопственикот на Твитер, Илон Маск, е поведен судски спор пред Американскиот суд за наводно измама на неговите акционери со тоа што предолго не објавил дека веќе инвестирал во социјалната мрежа, која подоцна ја купил и ја преименувал во X.

    Во одлуката што е објавена синоќа, американскиот судија Ендрју Картер пишува дека акционерите со заедничка тужба ќе се обидат да докажат дека Маск намерно ги измамил со тоа што не објавил дека веќе купил 5% од акциите на Твитер 11 дена подолго од пропишаниот рок.

    Акционерите предводени од пензискиот фонд на Оклахома тврдат дека Маск заштедил повеќе од 200 милиони долари со зголемување на својот удел во Твитер, додека тајно разговарал за плановите со неговото раководство, пред да открие во април 2022 година дека веќе поседува 9,2%.Тој удел го платил по вештачко ниски цени, тврдат тужителите.

    Адвокатите на Маск, пак, тврдат дека тој е еден од „најзафатените луѓе во светот“ и дека „ненамерно“ не го објавил навреме процентот на акции.

    Судијата Картер рече дека не може да „заклучи“ дека Маск е преморен ако има време да купи акции, да се сретне со директорите и да објавува за Твитер во исто време.

    Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img