More

    Ковачевски вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има мал и голем Груевски

    spot_img

    СДСМ има и државнички и државотворен капацитет. Партијата е отворена за секого и секогаш, без разлика кој на каква позиција се наоѓа во партијата или во државата. Јас од прв ден се држам до тоа, одговори вечерва во „Тема на денот“ во дневникот на Сител, премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски на новинарско прашање за враќањето на Зоран Заев во СДСМ односно за одржаниот координативен состанок на стратешкиот тим на партијата.

    – Се работи за состанок на кој беа присутни партиски другари – рече Ковачевски, додавајќи дека СДСМ е обединета партија со оглед на тоа што луѓето делат исти вредности.

    На прашањето дали Ковачевски му ја чува фотелјата на Заев, како што се коментира во јавност, и дали Заев се враќа во политиката и дали можеби е претседателскиот кандидат на СДСМ, Ковачевски рече дека во СДСМ никој никому не чува фотелја, затоа што претседател на партијата се избира преку гласање од страна на сите членови.

    Според Ковачевски, во СДСМ воопшто не е отворена дискусија за претседателски кандидат, со оглед на тоа што, како што рече, се уште е рано. Потсети дека во партијата има пропишана статутарна постапка на кој начин се одвива предлагањето, кандидирањето и утврдувањето на кандидат за претседател. За тоа, истакна, ќе има и разговори со коалиционите партнери.

    – Апсолутно убеден сум дека победник на следните претседателски избори ќе биде кандидатот предложен од СДСМ и поддржан од проевропската коалиција, со оглед на тоа дека ние покажавме дека не калкулираме со важните одлуки во државата, не сме водени од дневна полтика, од личен интерес, туку СДСМ и коалиционите партнери, ги донесовме најтешките и најважните одлуки од првиот ден на самостојноста на нашата држава – потенцира Ковачевски, осврнувајќи се на Охридскиот и на Преспанскиот договор, членството во НАТО, заклучоците во Собраието за усвојување на преговарачката рамка.

    Ковачевски кажа дека има исклучително добра соработка со Радмила Шеќеринска, во делот на совети каде се покажала искусна во меѓунаордната политика, подготовката на програмите на партијата.

    – Редовни ќе бидат изборите во 2024 година, но сметаме дека подготовката на програмата треба да биде процес, во кој ќе бидат вклучени покрај партиските комисии и општинските организации, пред се и граѓаните, рече меѓу другото претседателот на СДСМ и премиер – Ковачевски.

    Претседателот на СДСМ изјави дека не е дел од никакви преговори со Никола Груевски, ниту пак со било кого од ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој рече дека кога ќе се погледнат ставовите, ќе се види дека таму во ВМРО-ДПМНЕ се работи за мал Груевски и за голем Груевски бидејќи „немаат различни политички ставови во однос на изолацијата на државата“.
    – Јас не можам да се мешам во друга политичка партија, меѓутоа курсот што го имаат воопшто не се разликува од тоа што беше 11 години, ја држеа државата во изолација – рече Ковачевски во интервју на Сител, на прашање за актуелниот судар меѓу Мицкоски и Груевски.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img