Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави по ненадејниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во главниот град на Украина дека му било кажано дека е „апсолутно можно“ преговорите за членство во ЕУ да започнат оваа година.
„Нашата клучна цел на интеграцијата е да донесеме одлука за почеток на преговорите за членство оваа година. И денеска уште еднаш на средби и преговори слушнав дека тоа е апсолутно можно“, рече Зеленски во ноќното обраќање.
Зеленски рече дека е „само прашање на време“ кога Украина ќе се приклучи на блокот и дека „дефинитивно ќе го исполни“ својот дел од предусловите.
„Нашата земја е лидер во заштитата на самите основи на кои почива европското единство. Единството на модерна Европа, која ја цени човековата слобода и еднаквоста на нациите, го цени меѓународното право“, додаде тој.
Тој рече дека во разговорите била вклучена и темата за обидите на Русија да ги заобиколи меѓународните санкции, безбедноста во Црното Море и работата на украинските пристаништа, како и зајакнувањето на украинската противвоздушна одбрана.