Минатата недела 60-годишна Австралијка починала на летот од Доха.
Кога било откриено дека е во несвест, кабинскиот екипаж наводно чекал дваесет минути пред да се обиде да ѝ помогне и да примени реанимација.
Франческа и Енрико, кои биле патници на истиот лет, за медиумите изјавиле дека персоналот на авионот ја покрил жената само со ќебе кога било откриено дека таа починала.
Парот вели дека не добил впечаток дека кабинскиот екипаж „направил доволно“ за да ѝ помогне на несреќната патничка.
Авиокомпанијата реагираше на овие зборови со објаснување дека патничката „не можела да се оживее“.
Франческа и Енрико прво ги алармирале стјуардесите дека жената испушта необични звуци.
– Изгледаше како да спие, но испушташе необични звуци – открила Франческа.
После тоа, стјуардесите се обиделе да ја разбудат жената, а потоа ѝ ставиле маска за кислород.
Но, Франческа не се согласува со ваквата верзија на настаните.
Таа тврди дека по ова стјуардите „штотуку си заминале“ додека нејзе и нејзиниот сопруг им кажувале дека „се е во ред“.
– Се гледаше дека не дише – возбудено објаснува Франческа.
Франческа рече дека членовите на кабинскиот екипаж дошле дури по дваесет минути со друг патник за да ја тргнат несреќната жена од нејзиното место.
Телото на жената било префрлено во друг дел од авионот каде се обиделе да ја реанимираат.
Франческа вели дека дотогаш несреќната жена веќе била почината.
– Зошто не го направија тоа половина час порано? – прашува Франческа.
Половина час подоцна, патниците кои се наоѓале на седиштата зад Франческа и нејзиниот сопруг биле преместени така што телото на починатата жена било ставено на седиштата, а потоа покриено со ќебе.
– Само ја оставија така, тоа ме згрози – рекла Франческа.