More

    Бројот на работниците во индустријата во август 2023 година, во однос на август 2022 година, се зголемил за 1,3%

    spot_img

    Бројот на работниците во индустријата во август 2023 година, во однос на август 2022 година, се зголемил за 1,3%, објави Државниот завод за статистика.

    Ова зголемување  главно е резултат на зголемувањето на бројот на работници во преработувачката индустрија од 1,9%.

    Наспроти ова забележано е намалување на работниците во енергетскиот сектор од 5,9% и рударството од 1,7%.

    Најголем раст на бројот на работници во преработувачката има во секторите „производство на моторни возила, приколки и полуприколки“ од 15,9%  и „поправка и инсталирање на машини и опрема“ од 12,5%.

    Во август се зголемил бројот и на работници во текстилниот и тутунскиот сектор и производството на пијалаци, како и производството на машини и уреди. Во останатите сектори од преработувачката индустирја е забележано намалување на бројот на работници.

    Интересен е податокот дека бројот на работниците по индустриски групи се зголемил во групата капиталните производи за 13,5%, додека опаѓање има кај енергија за 4,6 %, интермедијарни производи, освен енергија за 3,9 %, трајни производи за широка потрошувачка за 5,8 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,0 %.

    Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2023 година, во однос на периодот јануари – август 2022 година, бележи раст од 0,9%.

    Бројките за намалениот број на работници кореспондираат со падот на индустриското производство кое во август забележа пад од  5,1% . Ваквиот пад на производството е резултат на намаленото производство во рударството  од 8,6 отсто како и во преработувачката индустрија каде што намалување се бележи скоро во сите сектори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img