More

    На Украинците им се расипал запленет тенк, тенкистот го пријавил дефектот во Русија

    spot_img

    Од почетокот на руската инвазија на Украина, околу 200 руски тенкови Т-72Б3 паднаа во рацете на украинската армија. Овој тенк, произведен од Уралвагонзавод од Нижни Тагил, е еден од поновите руски тенкови.

    Со овој модел на тенк, Украинците немаат големо искуство. Кога локалните експерти наишле на проблеми кои не можеле веднаш да ги решат, украинскиот тенкист со прекар Кочевник решил да ја повика техничката поддршка во рускиот Уралвагонзавод.

    Снимка од повиците на Кочевник објави Милитарњи, украински канал кој емитува вести за војната.

    Кочевник служи во 54-та механизирана бригада на украинската армија, која се бори околу Краматорск во источна Украина и користи претежно опрема од советската ера, вклучувајќи тенкови Т-64 и борбени возила БМП. Таа поседува и дел од заробените руски тенкови Т-72Б3, пишува Форбс.

    Кочевник ги „тролаше“ Русите, но неговите замерки за тенкот тежок 45 тони за тројца членови на екипажот беа реални – резервоарот исфрлал масло, компресорите не работеле, а електричниот механизам за вртење на куполата откажувал, поради што екипажот бил принуден рачно да ја ротира куполата.

    Оваа листа на дефекти на рускиот тенк може да укаже на неконзистентно производство во фабриките на Уралвагонзавод.

    Русин кој се претставил како Александар Анатолиевич, кој очигледно не знаел дека Кочевник е украински војник, ветил дека ќе испрати список со проблеми до проектната канцеларија во Нижни Тагил, а исто така ќе контактира и со производителот на мотори во Челјабинск.

    Но, Кочевник не завршил само на техничката поддршка. Тој стигнал и до Андреј Абакумов, директор на Уралвагонзавод. Абакумов го замолил Кочевник да му испрати детален опис на проблемот на WhatsApp.

    Тогаш Кочевник конечно открива дека е Украинец и дека украинската армија го запленила проблематичниот тенк минатата година во близина на Изум.

    – Ви благодарам многу. Внимавајте! Слава на Украина – смеејќи се им вели досетливиот Кочевник на збунетите руски соговорници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img