Ајшат Кадирова, 24-годишната ќерка на лидерот на Чечениците, Рамзан Кадиров, ќе биде заменик-премиерка на Чеченија за социјални прашања. Веста ја објави нејзиниот татко на социјалната мрежа Телеграм. Тој се пофали дека предлогот го доставил до претседателот на чеченскиот парламент.
„Ги поддржав предлозите на Муслим Кучиев. Несомнено, Ајшат Кадирова даде голем придонес за подобрување на активностите на регионалното Министерство за култура и стекна професионално искуство“, напиша Кадиров.
Политичката кариера на Ајшат Кадирова започна како заменик-министерка за култура, а потоа стана и министерка за култура.
Ajшат стана позната во јавноста во 2020 година, кога во фустан кој сама си го дизајнирала прошета на модна ревија на фестивал во Париз. Тогаш таа имаше 21 година и славеше 10 годишнина од нејзината модна куќа „Фирдаус“.