„Камениот Вили“, човекот кој експериментално бил мумифициран пред 128 години, ќе добие соодветен свечен погреб во Рединг, Пенсилванија, САД и по повеќе од еден век, ќе го добие своето вистинско име.
„Камениот Вили“, човекот кој експериментално бил мумифициран пред 128 години, ќе добие соодветен свечен погреб во Рединг, Пенсилванија, САД и по повеќе од еден век, ќе го добие своето вистинско име.
Како што објави „Воис оф Америка“, покојникот бил алкохоличар кој починал од откажување на бубрезите в затвор на 19 ноември 1895 година. Тој потоа бил мумифициран од страна на погребник кој експериментирал со нови техники за балсамирање. Следствено, „мумијата“ била изложена облечена во костум со вратоврска и црвен појас преку градите. Бидејќи кога го уапсиле за ситна кражба, дал лажно име, неговиот вистински идентитет останал непознат. Но, вработените во погребниот дом успеале да откријат за кого всушност се работи.
Од погребниот дом соопштија и дека ќе го откријат неговото име подоцна оваа недела, кога ќе го положат телото во неговото идното вечно почивалиште.
Пред погребот, Градот Рединг ќе му оддаде почит на човекот кој над еден век е дел од градскиот фолклор. А, тоа се совпаѓа со прославата на 275-годишнината од основањето на градот, пренесува Ал Џезира.
Мумифицираниот човек ќе биде изложен за посетителите, пред своето последно патување низ улиците на Рединг в сабота. Тој ќе биде погребан на околните гробишта, а на надгробната плоча ќе стои неговото вистинско име.