Во Австралија започна гласањето на историскиот референдум за правата на Абориџините, чија цел е да им се даде право на глас во парламентот.
Гласањето е отворено на повеќе локации низ Австралија за граѓаните кои не можат да гласаат на денот на референдумот, 14 октомври.
Гласачите ќе можат да гласаат за реформа со која ќе се признаат домородните народи за прв пат во Уставот.
Предлогот, наречен „Гласање“, ќе им даде право на Абориџините и на жителите на островот Торес да бидат прашани во парламентот за владините мерки што ги засегаат.
Анкетите покажаа дека има поддршка за предлогот, но како што се наближува датумот за гласање, се чини дека опозициската страна води.
Оние кои се против предлогот веруваат дека реформата ќе донесе привилегии за Абориџините.
Гласачките места се отворени денеска во австралиските држави Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија и на територијата на главниот град Канбера. Вчера беа отворени и во други делови од земјава.
Според последните анкети, нешто повеќе од 40 отсто од гласачите го поддржуваат предлогот, додека околу 60 отсто се против. Новата анкета, објавена денеска, покажува дека има посилна тенденција за прифаќање на предлогот, но тој сепак е малцинство.
Австралиските Абориџини, чии предци живееле на континентот пред најмалку 60.000 години, претставуваат помалку од четири отсто од населението. Статистички живеат пократко и се посиромашни од своите сонародници, понеобразовани се, а според статистичките податоци почесто се наоѓаат во затвор од другите жители на Австралија.