Нејмар летово пристигна во Ал Хилал од ПСЖ во трансфер вреден 90 милиони евра. Бразилецот се уште го чека своето деби во дресот на својот нов клуб, а се почесто се споменуваат проблемите кои ги има Нејмар во Саудиска Арабија.
Едно видео за време на викендот стана вирално на Интернет, прикажувајќи работници за одржување на теренот на стадионот во Техеран како се обидуваат да ја поправат тревата на голема бетонска плоча. Инаку, Ал Хилал денеска ќе ги одмери силите против Насаџи Мазандаран во азиската Лига на шампиони.
По шокантните видеа, набрзо се огласи и Нејмар кој на својот Твитер профил напиша:
„Ова не е можно“.
Ал Хилал е најуспешниот тим во ова натпреварување. Клубот го има освоено овој трофеј четири пати – последниот во 2021 година.