Од полноќ поевтинуваат бензините, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на „еуросупер БС-95“ се намалува за 1 денар, а „еуросупер БС-98“ за половина денар.
Согласно одлуката на РКЕ, цената на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 86 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ 88, 5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 86 денари за литар.
Непроменета останува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство.
Со новата одлука на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,25 проценти.