Во САД и во Европа ќе има зголемен замор од војната во Украина, но Вашингтон ќе остане директно вклучен во конфликтот, проценува Кремљ.
– Русија предвидува дека заморот на Западот од војната во Украина ќе доведе до фрагментација на мислењето за конфликтот – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Неговата изјава уследи по одлуката на американскиот Конгрес да усвои нацрт-законот за привремено финансирање, со што беше изоставена помошта за Киев.
Американските републиканци кои се спротивставија на тоа САД да го финансираат спасувањето на Украина во нејзината војна против Русија, ја постигнаа својата прва голема победа кога претседателот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти не вклучи помош од 6 милијарди долари во привремениот предлог-закон кој би требало да спречи блокада во работењето на американската влада.
Драмата во САД се совпадна со уште еден настан овој викенд што предизвикува загриженост во Украина. Во соседна Словачка, на парламентарните избори победи популистичката партија на поранешниот проруски премиер Роберт Фицо. Фицо ја засноваше својата кампања на антиамериканска реторика, со ветување дека ќе престане да испраќа оружје во Украина и ќе ги ограничи амбициите на Киев за членство во НАТО.