Сопственик казнет затоа што го ставил миленичето зад воланот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кучето зад воланот на автомобилот го чинеше казна неговиот сопственик. Полицијата во Словачка казни маж поради снимка на којашто се гледа како неговото куче седи зад воланот во автомобил „Шкода“.

На снимката од улична камера за брзина, потоа објавена на Фејсбук, изгледа како кучето да „се смешка“ додека седи на возачкотото седиште на возилото. Сопственикот на автомобилот се правдал дека неговото милениче – кафено ловечко куче одеднаш му скокнало в скут.

Меѓутоа, полицајците во околината на словачката престолнина Братислава, тврдат дека тоа не е точно, бидејќи во возилото не се забележани нагли движења. Властите ги предупредија возачите да ги почитуваат правилата за безбеден превоз на домашни миленици.

-Дури и мало животно може да ве загрози додека возите – потсети полицијата.

Не е јасно дали казната за возачот (не за кучето) е одредена поради пребрзо возење зашто миленикот седел на возачкото седиште или затоа што кучето не било врзано во возилото во движење, коментираат на социјалните мрежи за необичната случка.

Share This Article