Борел: Историска средба на шефовите на дипломатијата на ЕУ во Киев

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жозеп Борел ги покани министрите за надворешни работи на земјите-членки на средба во Киев, што ќе биде прва ваква средба надвор од границите на Унијата.

„Денеска ги свикувам министрите за надворешни работи во Киев, на првата средба на сите 27 земји членки надвор од Унијата“, напиша Борел на Твитер, нагласувајќи дека ова е историска средба.

Борел претходно изјави дека на тој состанок не треба да се очекуваат одлуки, бидејќи се работи за неформална средба.

Неформалните состаноци обично се посветуваат на длабински политички дискусии наместо на донесување конкретни одлуки.

Share This Article