More

    Експлозија во близина на турскиот парламент: „Тоа е терористички напад“

    spot_img

    Во близина на турското Министерство за внатрешни работи и Парламентот во Анкара денеска одекна експлозија. Според турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја станува збор за терористички напад. По експлозијата следела пукање, при што двајца полицајци биле полесно повредени.

    „Двајца терористи со лесно воено возило утрото се појавија пред влезот на МВР и извршија бомбашки напад“, напиша турскиот министер за внатрешни работи Алија Јерликаја на мрежата „Х“, додавајќи дека двајца полицајци се ранети. пренесува француската новинска агенција АФП.

    Според МВР, едниот од напаѓачите се застрелал, другиот е „неутрализиран“.

    Во областа каде што се случи нападот се наоѓа седиштето на турскиот парламент, како и неколку министерства. Парламентот денеска треба да ја започне седницата, а на неа треба да зборува и претседателот Реџеп Таип Ердоган.

    Според турските медиуми, полицијата го затворила теренот, таму има неколку амбулантни возила. Други детали за настанот засега не се познати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img