More

    Спасовски тврди дека нема да ги растовари затворите

    spot_img

    Непотребно е донесувањето на законот за амнестија зашто неговата примена нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски кој денеска беше во тренинг центарот во Идризово.

    – Мојот став е дека апсолутно не е соодветно ниту времето ниту моментот за носење на закон за амнестија. Опфатот кој што е барем соопштен дека ќе опфати прилично мал број на лица исто така нема да помогне во многу. Но, сега тоа е работа на Собранието. Нема да имаме никакви ефекти во однос на носењето на законското решение. Нема да придонесе значително да ослободат места или да се намали притисокот на казнено-управните установи. Јас мислам дека треба државата стратешки да размислува во зголемувањето на капацитетите на затворските институции – изјави министерот Спасовски

    Според него, амнестираните многу често по излегувањето од затвор ги повторуваат делата.

     

    За тоа дали има опозициски пратеници кои ќе гласаат за отворање на Уставот, Спасовски вели дека „тоа ќе се покаже во момент кога треба да се покаже“.

    Во однос на рокот за завршување на уставните измени, тој рече дека рок за завршување на уставните измени нема заради тоа што крајот на ноември е рокот кога завршува процесот за скрининг за влез во ЕУ.

    – После завршувањето на скрининг процесот ќе може да се отворат поглавјата. Целта е тоа да можеме што е можно побрзо да започнеме со отворање на поглавјата, а не дека постои некаков рок во којшто мора да се заврши. Час поскоро е подобро за државата – порача министерот за внатрешни работи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img