Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека го назначи Рене Троказ за специјален пратеник за Западен Балкан и наведе дека тоа е во согласност со зголеменото вклучување на Франција во регионот, во контекст на пристапот на Западен Балкан кон Европската Унија.
Специјалниот пратеник Троказ ќе биде вклучен во најважните прашања од регионалната политика, во координација со неговите европски и американски колеги, пишува РТК лајв.
„Специјалниот пратеник ќе биде вклучен во најважните прашања од регионалната политика, во координација со неговите европски и американски колеги. Исто така тој ќе ги следи и иницијативите за регионална соработка, особено Берлинскиот процес“, се наведува во соопштението.
Ова го соопшти самиот новоименуваниот дипломат Рене Троказ во објава на платформата „Х“.
„Од денеска сум назначен за специјален пратеник за Балканот (од Министерството за надворешни работи). Назначен е специјален пратеник за Балканот“, напиша Троказ.
Според информациите достапни на Интернет, Рене Троказ бил генерален конзул на Франција во Ерусалим.
Од 2009 до 2010 година, Рене Троказ бил советник во кабинетот на Бернар Кушнер, тогашен министер за надворешни и европски прашања, пред да ја преземе функцијата заменик директор на Кабинетот на Анри де Ренкур, министер за соработка, од 2010 до 2012 година.