More

    ВМРО-ДПМНЕ стравува дека канцерогените млеко и протеински јогурт се на рафтови во маркети

    spot_img

    ВМРО – ДПМНЕ денеска на прес конференција повторно презентираше нови докази за неквалитетно млеко и млечни производи кои завршиле на македонскиот пазар.

    – Ова е едниот резултат кој го презентирам на јавноста, се работи за протеински јогурт увезен од Република Србија, и од него се гледа зголемено ниво на амфлатоксин, вториот документ е лабораториски извештај за млеко од една млекарница од Република Македонија, која исто така покажува присуство на амфлатоксин над дозволената граница – истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата прашуваат, дали протеинскиот јогурт од соседна Србија и млекото од млекарница во Македонија се пуштени во промет, или истото е преработено и се наоѓа на некој по рафтовите ширум маркетите во Република Македонија?

    – Овие документи се уште еден показател дека контролата на млекото и млечните производи, како домашни, така и од увоз, АХВ не ги прави согласно потребите да ги заштити граѓаните од злоупотреби. Сакам да нотирам и дека Националниот систем за брзо известување не функционира, односно вакви известувања не се нотирано. Дополнително АХВ прибегнува кон крајно опасна стратегија за народот, а тоа е криење на податоци и неизвестување на јавноста ако се пронајде храна која може да биде опасна по човековото здравје. Имено АХВ не ја информираше навреме јавноста дека постои потенцијална опасност од увезено и домашно млеко, туку откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени, од АХВ глумат дека работат на случајот – рече Трипуновски.

    Тој вели дека загриженоста е реална поради тоа што АХВ не покажала документ дека пратките се вратени или уништени, што, како што наведе, создава сожнеж дека тоа млеко е завршено низ Македонија, наместо да се врати во државата на извоз или да се соодветно уништи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img