Евакуација во Сиднеј поради нови поплави

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Сиднеј во првите три месеци од годинава падна едногодишна количина дожд и поради постојаните дождови кои предизвикуваат порои, загрозуваат куќи и поплавуваат улици, властите денеска наредија евакуација на жителите.

Црвен аларм за поплави е вклучен во неколку јужни предградија, а пет милиони жители на градот се предупредени на можноста од ненадејни порои во текот на викендот.

Сиднеј, каде што непрекинато врне веќе две и пол недели, во првите три месеци од 2022 година доби годишна стапка на врнежи, објави Метеоролошката служба.

Ова е најврнежливиот почеток на годината во Сиднеј од рекордот во 1858 година, велат метеоролозите.

За време на викендот се очекува мало смирување, но прогнозите најавуваат нови врнежи од вторник.

Досега итните служби одговориле на повеќе од 680 повици за помош од жителите погодени од невремето.

Локалните власти предупредуваат на потенцијални свлечишта и одрони.

Share This Article