More

    Прилепската гимназија воведува строги правила на облекување за учениците

    spot_img

    Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп донесе и објави правилник за надворешниот изглед на учениците во гимназијата. Правилникот е визуелно прикажан на плакати, кои се поставени на влезната врата и низ ходниците на училиштето.

    Според правилникот, забрането е да се оди на училиште во маици на прерамки, хеланки, бермуди, шорцеви, кратки пантолони и маици, искинати фармерки и пантолони, тренерки и кратки сукњи.

    Училиштето исто така објави и кодекс за однесување на учениците и во него меѓу другото се вели:

    „Учениците се должни на часот (независно дали е со физичко присуство или учење од далечина), да бидат уредно облечени горен дел пристоен изглед – маичка/блуза/дуксер, долен дел фармерки/панталони/сукња со пристојна должина. Со својот пристоен изглед нема да се издвојуваат од средината. Во спротивно, нема да бидат примени на настава независно (дали е со физичко присуство или учење од далечина). 5. Дозволена должина на здолништа е до и под колена, а на панталони исклучиво долги. 6. Секој ученик да внимава на својата фризура за време на настава, без разлика дали е со физичко присуство или учење од далечина, (женските со уредна и прибрана фризура без разлика на должината на косата, без шминка и лакирани нокти, а кај машките без долга коса, опавче и брада)“, се вели во кодексот на однесување донесен од прилепската гимназија.

    Правилникот на прилепската гимназија беше објавена и на социјалните мрежи каде предизвика дијаметрално спротивни реакции – од афирмативни, дека „конечно мора да се стави ред во школите, и дека „не може кому како ќе му текне да оди на училиште“,  до критички: – дека „им се брише индивидуалноста на средношколците и од нив се прават медиокритети“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img