More

    Се бара КФОР да ја преземе контролата на северот

    spot_img

    НАТО денеска соопшти дека одобрил распоредување дополнителни сили во Косово поради актуелната ситуација. Алијансата не прецизираше колку нови војници ќе бидат распоредени во Косово, ниту од кои земји.

    Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово. Тој смета дека „не само што мора под итно да се подигне нивото на застапеност на евроатлантската заедница во дијалогот, туку мора да се земе предвид дека тоа е направено заедно со залихите на сите тие договори, некои потпишани, некои усно прифатени, но генерално неприменети“.

    Според него, одложувањето на преземањето на овој чекор „може да донесе дури и голем број жртви на вооружен конфликт и затоа КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово“.

    Косовскиот премиер Албин Курти, коментирајќи ги изјавите на албанскиот премиер Рама дека мировните сили на НАТО (КФОР) треба да ја преземат контролата врз северно Косово, рече дека всушност потребни се заеднички патроли на КФОР и косовската полиција долж границата со Србија.

    – Ни требаат заеднички патроли на нашата (косовска) полиција и КФОР долж границата меѓу Косово и Србија. Насекаде во Косово, прва реагираше нашата полиција, потоа (мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово) ЕУЛЕКС, а дури потоа и КФОР. И мислам дека оваа формула не треба да се менува – изјави Курти за „Истрага“, пренесува Клан Косова.

    Ситуацијата на северот на Косово е крајно тензична од 24 септември, кога група вооружени Срби ја нападнаа косовската полиција во селото Бањска. Во нападот загина косовскиот полицаец Африм Буњаку, а во размената на оган што следеше загинаа и тројца Срби.

    Косовската полиција утринава изврши претреси во северниот дел на Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img