Просечната каматна стапка на кредитите во август е непроменета, додека кај депозитите се бележи зголемување. Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на кредитите во август изнесувала 5,49%, додека кај депозитите изнесувала 1,55%.
На годишна основа, се бележи зголемување на просечната каматна стапка и кај кредитите и кај депозитите. Кај кредитите има зголемување од 1,15%, а кај депозитите 0,86%.
 
							 
								 
			

 
 
                                
                             
















 
		 
		 
		 
		 
		 
		







 
		 
		 
		 
		