More

    По 1 октомври ќе секнат платите за службениците и ќе има прекини на аеродромите

    spot_img

    Прекинот на работата на американската федерална влада е сè поизвесен поради спорот меѓу демократите и републиканците за буџетските трошења во Конгресот. Затворањето, една минута по полноќ на 1 октомври, ќе наруши многу услуги, ќе влијае на вработените во владата и ќе предизвика нови нарушувања во американската политика, пренесува Гласот на Америка.
    Демократите во Сенатот гласаа да се отвори дебата за нацрт-законот со кој се продолжуваат федералните трошоци до 17 ноември, но републиканците, кои го контролираат Претставничкиот дом, веќе рекоа дека нема да го поддржат усвојувањето на тој закон.

    Според „Вашингтон пост“, прекинот на работата на владата значи дека милиони федерални вработени и членови на војската ќе престанат да добиваат плата и дека многу од нив ќе мора да се појавуваат на работа. Во исто време, некои национални паркови и музеи ќе бидат затворени, а ќе има нови прекини и одложувања на аеродромите низ САД. Затворањето на владата ќе влијае и на најважните федерални програми за помош, како што е онаа што им помага на жртвите од смртоносните шумски пожари во Мауи, Хаваи.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img