Последната супермесечина во годината пристигнува вечерва, а астролозите се убедени дека многу ќе влијае на некои знаци од Зодијакот.
Супермесечината е феномен кој го означува приближувањето на Месечината до планетата Земја на помалку од 360.000 километри. Во случаите кога Месечината и Земјата се приближуваат толку блиску, овој природен сателит на Земјата добива неверојатна светлина и нејзиниот изглед на небото ни изгледа поголем. Исто така, во овој период плимата и осеката се поинтензивни, пишува Кликс.
Вечерашната супермесечина е во знакот на Овен, па сосема е логично да има најголемо влијание на овој знак. Овните треба да ги преиспитаат своите љубовни и пријателски односи во овој период, а преку ова преиспитување ќе сфатат дали околината им дозволува да блеснат со полн потенцијал или треба да продолжат понатаму.
Супермесечината ќе има големо влијание и на Раковите, особено на нивната кариера, општествен углед и признанието што го заслужуваат. Тие треба да се запрашаат дали премногу се трудат да ги исполнат очекувањата на другите, а притоа занемаруваат да ги остварат сопствените соништа. Конечно ќе им биде јасно по кој пат во кариерата треба да тргнат и ќе се оддалечат од воспоставените правила.
Вагите ќе доживеат излив на креативна инспирација. Ќе почувствуваат желба да ги споделат своите идеали со другите. Тие исто така ќе разберат дека со давање простор на прекрасен начин ги зајакнуваат врските. Ова може да биде можност за нив да се збогуваат со лошите луѓе и да постават здрави граници во нивните сегашни односи.
Супермесечината ќе ги натера и Јарците да размислуваат, особено кога станува збор за семејниот живот. Ќе почувствуваат желба да се оддалечат од гужвата и вревата, а ќе размислуваат и за тешкотиите што ги следат уште од детството и ќе се обидат да се ослободат од нив.