Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан на својот инстаграм-профил не престанува да шокира, особено кога влезе во романса со музичарот Тревис Баркер. Кортни редовно објавува фотографии со својот нов избраник на својот Инстаграм, а сега направи хаос со комплет фотографии.
Имено, на нејзиниот официјален профил се појавија фотографии кои јавноста досега немала можност да ги види. По веста дека тајно се омажила за Тревис во Лас Вегас, сега се појавија и фотографии од венчавката, како што вели, кои ги нашла во својот мобилен телефон.
– Ги најдов овие фотографии на телефонот. Некогаш во една далечна земја (Лас Вегас) во 2 часот по полноќ, по епска ноќ и малку текила, кралицата и нејзиниот згоден крал се осмелиле да отидат во единствената отворена капела со Елвис и се венчале (без дозвола). Со важба до совршенство – напишала Кортни.
Извори блиски до парот рекоа дека ќе следат неколку свадбени прослави со многу помпа.
Кардашјан и Баркер се свршија на плажа во октомври 2021 година по врска од речиси девет месеци. Тапанарот ја запроси Кортни на плажата на хотелот „Rosewood Miramar Beach“ опкружен со црвени рози и бели свеќи.
ФОТО: Инстаграм