More

    Сите основни прехранбени производи што граѓаните ги користат во секојдневна употреба се дел од листата на производи што ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5 отсто

    spot_img

    Сите основни прехранбени производи што граѓаните ги користат во секојдневна употреба се дел од листата на производи што ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5 отсто. Листата што денеска ја усвои Владата содржи над 1.600 производи и се проширува со производи како што се електронските/дигитални учебници и други производи. На оваа листа на повластена стапка на оданочување остануваат и пелетите за загревање, информираат од Министерството за финансии (МФ).

    -Граѓаните и натаму ќе ги купуваат производите со пониска даночна стапка како што се лебот, белиот шеќер, брашното, маслото од сончоглед, млекото и павлаката, месо, јајца, сирење, урда, кашкавал, овошје и зеленчук, тестенини, супи, ајвар, природен мед, сол, кечап и слично. Листата е долга и содржи голем број производи кои граѓаните ги користат и се на трпезата во секојдневната исхрана.  Станува збор за над 1.600 производи кои имаат најниска повластена стапка на оданочување – велат од МФ.

    Владата, денеска, согласно донесените измени на Законот за данок на ДДВ, усвои и Одлука за примена на повластена стапка на ДДВ од 10 отсто, за производи кои имаат помала потрошувачка и имаат третман на луксузен производи и не претставуваат основни производи во исхраната.

    -На оваа листа се производи како месо од ирваси, лосос, сирење со сина мувла, сирење од типот  toffy, јагула, семе од лен, масло од палма и кокосов орев, кавијар, школки, тропско овошје како папаја, манго и авокадо и слично. Вклучувањето на дел од производите коишто ќе се оданочуваат со оваа стапка  е со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Имено, овие две листи ги содржат скоро сите прехранбени производи кои се користат од страна на граѓаните – појаснуваат од МФ.

    Одлуките произлегуваат од донесените измени на Законот за данок на додадена вредност, кој беше дел од даночната реформа, која е со цел воспоставување современ даночен систем, кој ќе почива на принципите на праведност и правичност.

    -Дополнително во насока на заштита на стандардот на граѓаните Владата донесе и одлуки за намалување на увозните давачки за свежиот зеленчук и ориз, како и свежиот домат, краставици и пиперки и укинување на увозните давачки за агруми, односно портокал, лимон, грејфрут и мандарина. Со одлуките пониски увозни давачки ќе има кромидот, празот, карфиолот, брокулата, морковот, модриот патлиџан, тиквичките и слично – велат МФ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img