Лондонскиот аеродром Гетвик е затворен, откако меѓу вработените во контролата на летање се прошири ковид-19. Тоа предизвика хаос во воздужниот сообраќај во Велика Британија.
„ 30% од персоналот во одделот за контрола на летање се болни поради различни причини, вклучително и ковид-19“, соопшти аеродромот.
Медиумите објавија дека на 25.000 патници им е откажано патувањето бидејќи се откажани 800 летови. Посебно се погодени летовите на EasyJet на кои Гетвик им е матичен аеродром, но откажувања ќе претрпат и летовите на Ryanair, TUI и Wizzair.
Аеродромот го ограничи бројот на авиони кои доаѓаат и заминуваат од неговата писта до крајот на неделата.
„Дневното ограничување ќе спречи откажувања и одложувања за патниците во последен момент додека Националните услуги за воздушен сообраќај (NATS) се вратат во нормала“, соопштија од аеродромот.
Само во петок на 29 септември ќе има откажување на 33 поаѓања.