Двајца Срби осомничени за тероризам денеска се донесени во Основниот суд во Приштина каде се одржува рочиште за нападот на косовската полиција во Бањска. Б.С и Д.М беа изведени пред Специјалното одделение на првото рочиште за учество во вооружен судир со полицијата, јавува Н1.
Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека поднело барање за определување мерка притвор против три лица – В.Т., Б.С и Д.М за различни кривични дела.
Тие се товарат за: „тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Косово“, „вршење терористички дејствија“, како и „тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Косово“ од член 126 и „извршување терористички акти“.
Во понеделникот вечерта во болницата во Приштина се одржа сослушувањето на В.Т., третиот од уапсените, кој беше ранет за време на конфликтот со косовската полиција.
Поради здравствените околности на В.Т., одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
фото: ТВ-Н1/принтскрин