More

    Вучиќ бара КФОР да ја преземе безбедноста на северот на Косово

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ побарал од амбасадорите на земјите од Квинтет наместо косовската полиција за сите безбедносни прашања на северот на Косово да се грижи КФОР, објавено е на неговиот Инстаграм профил.

    Исто така, прашав зошто косовската полиција го одби ЕУлекс да присуствува на самата операција што беше спроведена на територијата на северот на Косово“, напиша Вучиќ.

    Тој истакна дека „важниот разговор“ со претставниците на Квинта бил одржан „во едно од најтешките моменти за Србија“.

    Претседателот Вучиќ утрово се сретна со амбасадорите на земјите од Квинте – Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија.

    Погледнете ја оваа објава на Инстаграм
    Објава споделена од Александар Вучиќ (@buducnostsrbijeav)

    На средбата присуствуваше и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

    Во инцидентот што се случи во неделата рано наутро во селото Бањска на северот на Косово, загина еден албански полицаец, а двајца се ранети. Вооружениот конфликт меѓу косовската полиција и напаѓачите, за кои Вучиќ рече дека се Срби од северот на Косово, продолжи до вечерните часови.

    Убиени се тројца напаѓачи, по потекло од северот на Косово, шестмина се уапсени, а најголемиот број напаѓачи успеале да побегнат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img