Александра Грант (50) за првпат проговори за врската со познатиот актер Кијану Ривс (59). Таа дојде на доделувањето на наградите Беверли Артс ајкон во Лос Анџелес, каде што беше една од лауреатките. На црвениот тепих прошета сама и ги шокираше сите присутни кога одговори на неколку прашања за својата љубовна врска.
Ја прашале како е да се биде во врска со некој толку познат како Кијану и дали е потешко да се прошета на црвениот тепих со или без него.
„Добрата работа во вљубувањето на возрасна доба е тоа што ќе изградите сопствена кариера пред да започне врската. Така беше кај мене. Се чувствувам многу самоуверено во мојата врска, се чувствувам самоуверено на црвениот тепих и кога сме двајца, но и сама“, изјави таа за списанието „Пипл“.
Таа зборувала и за тоа како Ривс и помогнал да ја надмине креативната криза.
„Еднаш реков, цела фрустрирана, дека понекогаш се чувствувам како масерати заглавен во сообраќајот. Го имам овој моќен мотор, но поради голем број причини не можам да поминам. Знам дека многу луѓе понекогаш се чувствуваат фрустрирани, како да се се заглавени во сообраќајот. Мислам дека секој креативен човек тоа го доживува во одреден момент“, рекла Александра.
Таа вели дека со Кијану се голема мотивација еден на друг. „Гледањето како друга личност ги решава проблемите може да биде инспиративно, како: „О, добро, тоа е ќорсокак. Како да го пробам ова другото? Тој е голема инспирација за мене. Тој е многу креативен и многу добар. И тој работи толку напорно“, рекла таа.
ФОТО: Инстаграм