More

    Кремљ се огласи во врска со ситуацијата во Бањска

    spot_img

    Кремљ соопшти дека внимателно ја следи напнатата и политички опасна ситуација во Косово и случувањата во селото Бањска, пишува Тасс. Портпаролот Дмитриј Песков изјави:

    – Ситуацијата е многу сложена. Во ситуацијата на Косово гледаме традиционални предрасуди кон Србите, тоа е традиционален и неурамнотежен пристап. Ситуацијата е навистина многу напната и потенцијално опасна, ја следиме многу внимателно.

    – Но, тоа што многу често се организираат разни провокации против Србите не е тајна за никого – додаде Песков.

    Група вооружени локални Срби поставија патна барикада во близина на селото Бањска во неделата рано наутро, а потоа убиле косовски полицаец од групата која дошла да интервенира. Во конфликотот загинаа тројца од српските напаѓачи, кои во меѓувреме се забарикадираа во православниот манастир.

    Српскиот претседател Александар Вучиќ ја обвини меѓународната заедница дека му подала отворена рака на Курти и дека „десетици Срби биле целосно опколени за повеќе од еден час од 460 специјалци кои ги собрала Приштина“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img