More

    Пошта Србија: „Албански терористи“ ја нападнаа поштата во Бањска

    spot_img

    Јавното претпријатие Пошта Србија соопшти дека во ноќта меѓу неделата и понеделникот „албански терористи“ упаднале во поштата во Бањска и направиле голема материјална штета.

    Според „Пошта на Србија“, оштетен е имот и украдена опрема, поради што привремено ќе биде прекинато давањето на поштенските услуги.

    „Со оглед на тоа што Поштата на Србија во моментов не може точно да го утврди обемот на штетата предизвикана поради блокадата од вооружени лица, јавноста подоцна ќе биде информирана кога ќе почне со работа поштата во Бањска“, се наведува во соопштението.

    Во неделата имаше вооружен напад врз косовската полиција во селото Бањска, кога беше убиен еден полицаец. Според српскиот претседател Александар Вучиќ, нападот го извршиле Срби од Косово.

    Според досегашните податоци, убиени се тројца напаѓачи, а повеќе се уапсени и ранети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img