More

    Дел од нив се префрлени во Србија со помош на КФОР и ЕУЛЕКС, тврди српска политичарка на Косово

    spot_img

    Се зборува, барем она што јас го дознавам од албански извори и разговарајќи со пријателите Албанци, дека косовската полиција имала капацитет да се справи со ситуацијата и дека можело да има многу повеќе жртви, но дека меѓународната заедница одиграла улога таму – вели Рада Трајковиќ од Европското движење на Србите од Косово и Метохија во гостување на утринската програма „Разбуди се“ на ТВ Нова.рс.

    – Како е можно толку голем број вооружени луѓе, кои се спротивставија на косовската полиција, да се најадат таму, е тоа е голема енигма, чиј одговор ќе треба да даде една компетентна истрага, која нема да ја водат само косовските Албанци, туку и меѓународните институции. ЕУЛЕКС е на сцената благодарение на меѓународната заедница, која, би рекла, одигра историска улога вчера. Тоа се огледа во фактот што специјалците од Приштина имаа можност да убијат 30 луѓе. Што би било, каков би бил епилогот после тоа? Мислам дека претседателот на Србија беше во преговори цел ден и дека меѓународната заедница работеше на проект да ги извлече тие луѓе во централна Србија за да им ги спаси животите. Имам сознанија дека имало дискусија и дека некој морал да ги преземе тие луѓе и одговорноста за нив, во смисла дека заедно ќе работат да ги утврдат причините, мотивите и сè што се случило – рече Трајковиќ и додаде дека е многу лошо што целата вина сега суштински се префрла врз Србите од Косово.

    Таа рече дека косовската полиција продолжила со акцијата и во текот на ноќта, а безбедносните сили биле видливи во околината на манастирот Бањска, додека КФОР и ЕУЛЕКС се наоѓале на северот на Косово и одиграле многу важна улога.

    – Триесетина луѓе упаднаа во Бањскиот манастир и на тој начин се обидоа да ја компромитираат СПЦ. Тие луѓе и братството од манастирот немаа избор ниту вина, никој нив ништо не ги прашал, но за жал, ќе бидат обвинувани и напаѓани од косовските медиуми кои се под контрола на Албанците, дека се вклучени во сето тоа. Информациите дека во манастирот имало 30 луѓе се информации за кои сите зборуваат и сите знаат, и не знам зошто медиумите (во Србија) не известуваат за тоа. Сè е затворено и приспособено на политиката на луѓето кои се на власт во Белград и во Приштина, а вистинската вистина е некаде кај меѓународната заедница, која молчи и само се труди да не ескалира конфликт со жртви – рече Трајковиќ.

    Според неа, има информации дека во акцијата се убиени повеќе од три припадници на вооружената група.

    Таа истакна дека Спалевиќ, едниот од убиениете, чиј идентитет е откриен, има 23 години, и кога Вучиќ дојде на власт имал само 13 години.

    – Кој е виновен што тоа дете порасна во некој што со оружје решил да учествува во такви акции и зошто тие деца денеска пристигнаа во ковчези кај нивните родители? Ова се прашања на кои Србија мора да одговори. Зошто претседателот Вучиќ нон-стоп постојано поддржува човек кој е на црната листа, како што е Милан Радоичиќ, и го претставува како некој кој ги брани и ослободува Србите? Постои голема опасност од одмазда кон српските енклави – рече Трајковиќ и додаде дека наместо да ги коригира претходните инциденти, Курти само повторно и повторно ги иритира Србите.

    Таа исто така смета дека Вучиќ ја префрлил целата одговорност на Србите од Косово, со што уште повеќе ја загрозува нивната позиција. Иста така штетни за нив се и неговите поранешни изјави дека „српската војска се движи кон Косово“.

    – Ако нема мир, северот на Косово ќе се испразни – рече Трајковиќ во емисија за Нова.рс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img