More

    Петар Ниновски: Од стартап, Бреинстер за осум години влезе меѓу најдобрите 0,7% компании во Македонија

    spot_img

    Отворање претставништво во Албанија, почеток на новата Академија за лидерство и менаџмент, 734 вработени студенти само во последните две и пол години, како и втора акредитирана студиска програма на ИТ-факултетот Бреинстер Некст колеџ, се дел од новитетите кои основачот на Бреинстер (Brainster), Петар Ниновски ги споделува по повод осмиот роденден на интернационалната едукативно-технолошка компанија.

    Организацијата, која почна како стартап, цврсто се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години, влегувајќи во друштвото на најдобрите 0,7% компании во Македонија. Врз основа на вкупната нето-добивка за 2022 година, се вбројува меѓу топ 500 најуспешни фирми во нашата земја.

    Ниновски ја открива методологијата по која се изработуваат академските програми на Бреинстер, чија цел е задоволување на барањата на студентите и на светските стандарди за креирање едукативни програми.

    – Успеваме да креираме искуство на учење и надградување кое пред сѐ им служи на нашите студенти, а потоа и на нашето општество, заедницата и индустријата. Следејќи ги докажаните светски стандарди за креирање едукативни програми црпиме инспирација за креирање процес на учење кој се занимава со технолошките, педагошките и социо-културните аспекти на образованието. Така создаваме образовна средина која е насочена кон студентот и во која секоја интеракција се вреднува еднакво: студент со студент, студент со содржина за учење, студент со инструктор и обратно – објаснува Ниновски.

    Бројот на студенти на Бреинстер низ годините постојано расте. Ниновски вели дека во првата година од основањето биле запишани 205 студенти, а во текот на изминатите осум години со едукација во Бреинстер се стекнале над 11.500 студенти. Дене е на врвот по број на запишани студенти годишно. Студентите работат на реални проекти за реални клиенти, и добиваат можност за вработување. Само во последните две и пол години дури 734 студенти на Бреинстер се вработиле.

    Понудата на Бреинстер оваа година е збогатена со Академијата за лидерство и менаџмент, која е наменета за една поинаква група професионалци – менаџери, претприемачи, сениори и искусни експерти кои сакаат да се унапредат во лидери или да создадат своја компанија. Бреинстер нуди стипендии и финансиска поддршка за поттикнување на учеството на младите и на жените во ИТ-индустријата. Оваа Академија ќе овозможи практично усовршување и доквалификација на учесниците преку стекнување на најважните вештини во областа на лидерството и менаџментот во ИТ и во бизнис-секторите.

    – Бреинстер пред осум години креираше систем кој сè уште функционира: учење преку работа на реални проекти, сектор „Student Success“ кој се грижи за прогресот и задоволството на студентите, кариерна поддршка преку тимот на „Партнерства“, експертизата на вработените, инструкторите и професорите, користење напредни технологии за поддршка при студирањето, искусен менаџмент-тим и борд на директори кој посветено работи на политиките на човечки ресурси кои го поддржуваат растот, развојот и задоволството на вработените. Сето ова ни дава солидна појдовна точка за дејствување на пазарот за ИТ едукација и во Албанија – вели Ниновски.

    За интернационалното проширување на организацијата, Ниновски појаснува дека било направено истражување со цел да се идентификува вториот дом на Бреинстер. Албанија се издвоила како соодветен пазар поради големиот број млади луѓе во целокупната популација, динамиката на развој на тамошната ИТ-индустрија и заложбата на државата за нејзина поддршка, како и недостигот на понуда која ќе ја следи побарувачката за соодветно обучени кадри.

    – За да се погрижиме дека нашето присуство во Албанија ќе ги донесе посакуваните резултати, вработивме локален административен и инструкторски тим, склучивме договори за соработка со локални ИТ-компании и го назначивме нашиот досегашен маркетинг директор Стефан Смиљаноски за извршен директор на Бреинстер Албанија. Во зависност од потребите на пазарот, во план ни е да лансираме и други академии – вели Ниновски.

    По успехот во неформалното образование, од минатата година Бреинстер направи значен чекор и во формалното образование, основајќи го Бреинстер Некст колеџот – првиот акредитиран практичен ИТ- факултет во државава, каде се нуди уникатен модел за финансирање на тригодишните додипломски студии – „Студирај сега, плаќај по вработување!“ Покрај софтверско инженерство и иновации, од оваа година акредитирана е и втората студиска програма UX/UI и графички дизајн.

    Еден од последните и позначајни чекори во насока на развој е и проширувањето на тимот на вработени и на инструктори на Бреинстер што е резултат на рекордно високиот интерес за студирање на академиите и на додипломските програми на Бреинстер Некст колеџот.

    Ниновски вели дека компанијата ќе продолжи да инвестира во своите луѓе, да прифаќа агилни принципи, да споделува информации, да поддржува инклузивно носење одлуки, како и да создава култура на транспарентност, што води кон успех.

    Основачот на Бреинстер, Петар Ниновски

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img