More

    Косовската полиција и ЕУЛЕКС го контролираат комплексот

    spot_img

    Рашко-призренската епархија соопшти дека состојбата во манастирот Бањско во моментов е мирна, „иако поради денешните случувања сè уште се чувствува страв и во околината и во самата манастирска капија“.

    Епархијата во соопштение информира дека „вооружените лица кои денеска ја пробија капијата го напуштија манастирот, а во моментов е забележано присуство на косовската полиција и ЕУЛЕКС пред влезната капија и во дворот на манастирот“.

    „Во конакот на манастирот сè уште е игуменот и други свештеници, како и група верници од Нови Сад, меѓу кои има и две малолетни деца. Од управата на манастирот известуваат дека засега сите се добро, дека во капелата на манастирот се одржуваат редовни богослужби, со надеж дека оваа драма ќе заврши што поскоро“, се вели во соопштението на Рашко-призренската епархија.

    Специјална единица на косовската полиција ја презела вечерва контролата врз православниот манастир во селото Бањско во северно Косово, каде што се засолни групата која рано утрово ја нападна косовската полиција, убивајќи еден и ранувајќи уште еден полицаец.

    Повеќе приштински медиуми, повикувајќи се на сигурни извори во полицијата, јавија дека на страната на напаѓачите досега има најмалку тројца убиени и четворица уапсени.

    Според официјална Приштина, вооружената криминална група, составена од над 30 лица, била позиционирана во Бањскиот манастир во Звечан и користела и други приватни објекти од каде што ја напаѓала косовската полиција.

    КФОР излезе со одговор дека се во околината на Бањско и дека се подготвени да одговорат доколку се јави потреба, нагласувајќи дека косовската полиција е првата институција која е одговорна за случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img