Казнети и затворени денеска се повеќе ланци на големи маркети во Скопје (Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел) и Струга, соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.
„Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите“, напиша вечерва Трајковски на својот Фејбук профил.
Тој апелира до сите трговци, дека нема да има компромис, ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните.