Apple почна да ги продава своите iPhone-и произведени во индиски фабрики
Американскиот технолошки гигант Apple за прв пат започна со продажба на своите iPhone-и произведени во индиски фабрики, соопштено е во саботата на презентацијата на новиот модел на смартфонот во Њу Делхи.
Одреден број модели на iPhone 15 и iPhone 15 Plus од индиско производство се во продажба од петокот во неколку земји, вклучувајќи ја и самата Индија, потврдија фабрички извори за ДПА.
Повеќето производи на Apple се уште се произведуваат во Кина. Сепак, според последните извештаи, со оглед на геополитичките тензии, Apple сака да вклучи и други земји во своите синџири, со фокус на Индија и Виетнам.
Пошироката дистрибуција на производството е поврзана и со војната на Русија против Украина и пандемијата на Ковид-19, бидејќи овие настани ја открија големата зависност на синџирите на снабдување од меѓународните околности.
Индија, која обезбедува владини стимулации за производство на паметни телефони, со своите 1,4 милијарди жители претставува атрактивен пазар во развој. Релативно скапите iPhone сè уште сочинуваат само мал дел од продажбата на паметни телефони во таа земја.
Оваа година Apple за прв пат ги отвори своите продавници во Индија.