Холивудскиот актер Бред Пит и дизајнерката на накит Инес де Рамон се во врска од ноември 2022 година. Инес е единствената жена со која Пит е во долга врска, по непријатниот и мачен развод од Анџелина Џоли. Актерот е двојно постар од Инес де Рамон.
Деновиве Инес е фотографирана како влегува и излегува од продавница за канабис во Лос Анџелес облечена во секојдневна облека и големи очила кои и го покривале лицето.
И покрај тоа што Инес се труди да ја задржи приватноста за себе, поради врските со познатите актери секогаш е под будното око на јавноста.
Инаку, Инес беше во брак со ѕвездата од „Дневниците на вампирот“, Пол Весли. Веста за разделбата на Пол и Инес по три години брак се појави во септември 2022 година, по само неколку месеци пред Инес и Бред да ја започнат својата врска.
Да потсетиме, Анџелина Џоли го обвини Бред Пит за семејно насилство. Исто така, таа го обвини дека е алкохоличар, а всушност токму таа беше фотографирана неколкупати со шишиња вино, а поранешните дадилки потврдија дека актерката често пие и тоа сама, како и дека децата се надвор од контрола.
ФОТО: Инстаграм