Цариниците на главниот париски аеродром заплениле стотици черепи од заштитени видови мајмуни, кои требало да се користат како награди или подароци.
Тие черепи и оние на други животни биле главно во пакети кои пристигнувале од Камерун, соопшти во четвртокот царината на аеродромот Шарл де Гол.
Примателите требаше да бидат собирачи и ловечки клубови во САД.
Некои од пакетите содржеле цели животни.
Ниту една од пратките немаше потребна дозвола, а цариниците речиси секој ден откриваа такви пратки на најголемиот аеродром во Франција.
Освен мајмуни, шверцувани се и други видови како видри, големи мачки, мајмуни и птици грабливки, соопштија цариниците.
Повеќе од 700 черепи од мајмуни и животни запленети меѓу мај и декември 2022 година, царината во четвртокот му ги предаде на Природонаучниот музеј во Екс-ан-Прованс, кој има намера да ги истражи и изложи.
„Запрепастен сум кога помислувам дека нашите најблиски роднини, големите мајмуни, се десеткувани, а дождовните шуми се лишуваат од загрозениот биодиверзитет поради нешто што е и глупаво и скандалозно“, рече експертот за мајмуни во музејот, професорката Сабрина Криф.