Шпанската полиција започна истрага откако слики на малолетни девојчиња, изменети со вештачка интелигенција за од нив да се соблече облеката, се прошириле во градот Алмендралеј во јужниот регион Естрамадура. Сликите се создадени со помош на апликација која користи вештачка интелигенција за да создаде слики од луѓе без облека.
Група мајки од Алмендралеј, пријавиле дека нивните ќерки добиле слики на кои се голи. Тие објави видео на Инстаграм за да ја подигнат свеста за ситуацијата.
Едно од девојчињата ѝ кажала на својата мајка дека некој ја снимил со помош на апликација за да изгледа како да е гола, а подоцна дознала дека истото им се случило и на десетици други девојки.
Франциско Мендоза, претставник на регионалната влада, изјави за локалниот медиум Canal Extremadura дека полицијата идентификувала некои од младите луѓе кои можеби биле вклучени во правењето на сликите.
Во понеделникот, Пилар Порон, мајка на уште едно од девојчињата, изјави дека нејзината ќерка од еден нејзин пријател дознала дека се појавила гола на фотографијата.
Фатима Гомез, друга мајка, рече дека едно момче се обидело да ја уцени нејзината ќерка користејќи лажна слика. Ќерката и покажала разговор со момчето кое ја замолило да му испрати пари, а кога таа одбила, момчето и испратило изманипулирана слика на која е гола.
Истрагата, според полициски извори, останува отворена. На фотографијата на една од малолетничките имало мува, тоа е логото на Клотоф, апликацијата која се претпоставува дека се користи за креирање на сликите, која ги промовира своите услуги со слоганот: „Соблечи кој било со нашата бесплатна услуга!“