Реалити ѕвездата Клои Кардашијан неодамна преку својот инстаграм-профил сподели фотографии од нејзиното лице пред и по отстранувањето на меланомот.
Имено, таа на својата инстаграм-приказна покажа како се одвивал процесот откако ја открила сомнителната дамка на лицето. Таа првично мислела дека се работи за мозолче, но подоцна лекарите и рекле дека всушност, станува збор за рак на кожата. По тој повод, Клои им се заблагодарила на лекарите кои ја оперирале.
„Не само што го отстрани туморот и се увери дека целосно немам рак, туку направи толку добра работа што ја направи мојата лузна што е можно помала и поубава“, го пофалила својот лекар Клои.
Таа потоа споделила уште неколку фотографии од нејзиното лице, на кои може да се забележат конци долги четири сантиметри, но и голема вдлабнатина на нејзиниот образ.
„Знам дека ова изгледа лудо и прилично масивно, што и беше, но со добра причина. Хирургот се погрижи да ги заштити конците и да направи сè што е можно порамно за да не дојде до истегнување на лузната, пределот на резот, а настојувавме и да се избегне келоидна лузна што е можно повеќе“, напишала Клои на Инстаграм, велејќи дека нејзиниот хирург Гарт Фишер е најдобар.
На фотографијата на која се гледа владбнатината на образот, таа напишала дека дефинитивно не се жали поради тоа бидејќи повеќе би сакала да има вдлабнатина отколку меланом. На крајот им се заблагодарила на сите лекари кои и помогнале во процесот на лекување и закрепнување. Клои додала дека таа вдлабнатина ја пополнува со филер и дека тоа ќе треба да го прави цел живот.
ФОТО: Инстаграм